златен

Придавка

Значење на златен:

1. Што е изработен од злато, што е позлатен или што е извезен со злато. Златно синџирче. Златен медал. Златни гривни. Златен појас.

2. Што содржи злато. Златен песок. Златна дага. Златна жица.

3. Што е како злато (по боја, по сјај и сл.). Златна пченица. Златна рипка.

4. (прен.) а) Што има особини кои се ценат високо (како злато). Златни раце. Златен занает. Златна работа. Златен талент. Златно срце. б) Што се одликува со висок подем, напредок. Златен век. Златни години. Златно време.

5. Во обраќање – мил, сакан. Златна мајко. Златен на мајка.

6. Златна рипка (зоол.) Cyprinus auratus.

Членувана форма: златниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Златна средина – најдобар избор, место меѓу две крајности. Запише со златни букви – смета нешто за многу важно да се знае, да се памети. Ветува златни планини/ридје – ветува многу, сѐ најдобро. Златна свадба – педесетгодишнина на брачен живот.

Оригинални податоци:

златен, златниот прид. 1. Што е изработен од злато, што е позлатен или што е извезен со злато. Златно синџирче. Златен медал. Златни гривни. Златен појас. 2. Што содржи злато. Златен песок. Златна дага. Златна жица. 3. Што е како злато (по боја, по сјај и сл.). Златна пченица. Златна рипка. 4. (прен.) а) Што има особини кои се ценат високо (како злато). Златни раце. Златен занает. Златна работа. Златен талент. Златно срце. б) Што се одликува со висок подем, напредок. Златен век. Златни години. Златно време. 5. Во обраќање – мил, сакан. Златна мајко. Златен на мајка. 6. Златна рипка (зоол.) Cyprinus auratus. ◊ Златна средина – најдобар избор, место меѓу две крајности. Запише со златни букви – смета нешто за многу важно да се знае, да се памети. Ветува златни планини/ридје – ветува многу, сѐ најдобро. Златна свадба – педесетгодишнина на брачен живот.