злато

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на злато:

1. Благороден метал со жолта боја; симбол Ау.

2. Златни пари, накит и други предмети од злато. Сите пари ги претворил во злато.

3. (прен.) а) Тој што има прекрасни особини, што е многу добар, благороден. Тој беше злато човек. б) Тоа што е многу добро, многу квалитетно. Ова не е тутун, ами злато.

4. Во обраќање на галено. Ах, злато мое.

5. Обвивката на чоколадите или бонбоните од станиол (во јазикот на децата).

Фразеолошки израз / поговорка:

Црно злато – 1. Камен јаглен; 2. нафта. Молчењето е злато (посл.).

Оригинални податоци:

злато (само едн.) ср. 1. Благороден метал со жолта боја; симбол Ау. 2. Златни пари, накит и други предмети од злато. Сите пари ги претворил во злато. 3. (прен.) а) Тој што има прекрасни особини, што е многу добар, благороден. Тој беше злато човек. б) Тоа што е многу добро, многу квалитетно. Ова не е тутун, ами злато. 4. Во обраќање на галено. Ах, злато мое. 5. Обвивката на чоколадите или бонбоните од станиол (во јазикот на децата). ◊ Црно злато – 1. Камен јаглен; 2. нафта. Молчењето е злато (посл.).