зло
Значење на зло:
1. Тоа што е лошо, злобно; добро. Тој ти мисли зло. Борба меѓу доброто и злото. Олицетворение на злото.
2. Лош настан, несреќа. Се случи големо зло. Зло ги снајде.
Множина: зла.
Фразеолошки израз / поговорка:
Враќа зло за добро – неблагодарен е. Секое зло за добро – се вели кога некое зло подоцна ќе излезе на добро. Стори добро, најди зло – кога некој прави нешто со добри намери, а му се враќа со лошо. Делат и добро и зло – кога двајца се неразделни и во среќни и во тешки моменти. Да не чуе злото/да спие злото – кога некој кажува дека сѐ му оди добро во животот, израз на желба и понатаму да не се случуваат лоши работи. Од зло на позло – се влошува и онака лошата ситуација.
Оригинални податоци:
зло, мн. зла ср. 1. Тоа што е лошо, злобно; спрот. добро. Тој ти мисли зло. Борба меѓу доброто и злото. Олицетворение на злото. 2. Лош настан, несреќа. Се случи големо зло. Зло ги снајде. ◊ Враќа зло за добро – неблагодарен е. Секое зло за добро – се вели кога некое зло подоцна ќе излезе на добро. Стори добро, најди зло – кога некој прави нешто со добри намери, а му се враќа со лошо. Делат и добро и зло – кога двајца се неразделни и во среќни и во тешки моменти. Да не чуе злото/да спие злото – кога некој кажува дека сѐ му оди добро во животот, израз на желба и понатаму да не се случуваат лоши работи. Од зло на позло – се влошува и онака лошата ситуација.