змеј
Значење на змеј:
1. Огромно чудовиште од приказните со една или повеќе глави, со крила и опашка, кое најчесто се храни со луѓе; аждер, ала. Секоја година змејот јадел по една убавица од царството. Храбриот јунак го победи троглавиот змеј.
2. (прен.) Ненаситен, лаком, граблив човек.
3. Играчка за деца, летало што личи на змеј.
Множина: змеја, змејови.
Изведени зборови:
- змејски, прид. змејскиот Пред јунакот се испречија трите змејски опашки.
- змејулец, и. ср. мн. змејулци м., змејче, мн. змејчиња дем.
Оригинални податоци:
змеј, мн. змејови, избр. мн. змеја м. 1. Огромно чудовиште од приказните со една или повеќе глави, со крила и опашка, кое најчесто се храни со луѓе; сп. аждер, ала. Секоја година змејот јадел по една убавица од царството. Храбриот јунак го победи троглавиот змеј. 2. (прен.) Ненаситен, лаком, граблив човек. 3. Играчка за деца, летало што личи на змеј. ‖ змејулец, мн. змејулци м., змејче, мн. змејчиња ср. дем. ‖ змејски, змејскиот прид. Пред јунакот се испречија трите змејски опашки.