змија
Зоологија.
Значење на змија:
1. Влечуга без нозе што се движи ползејќи, со лизгаво, долго тело; Serpentes. Отровна змија. Водна змија.
2. (прен.) Тој што е лош, злобен или подмолен како змија. Што змија станала газдарицата!
Множина: змии.
Изведени зборови:
- змивче, и. ср. мн. змивчиња , змијуле, мн. змијулиња , змијулче, мн. змијулчиња , змијче, мн. змијчиња дем.
- змииште, и. ср. аугм.
Фразеолошки израз / поговорка:
Блуе змии и гуштери – кажува лоши зборови. Го касна змија за срце – 1. Му се случи големо зло. 2. Претчувствува големо зло. Змија да е, ама од срце да е – детето се сака безусловно. Змија не го клука – за ништо не се грижи. И за змија се фаќа – тој што нема друг излез се фаќа за што и да е. Ја нагази змијата на опашка – сам предизвика некоја опасност. Каснат од змија и од врвка (гуштер) се плаши – тој што веќе настрадал станува многу внимателен и претпазлив. Кога ќе ја покаже змијата ногата – никогаш. На змијата и оди во уста – оди кон очигледна опасност. Со голи раце змија не се фаќа – оди неподготвен кон некаква опасност. Чува змија в пазува – близок е со некој што му е непријател, не е свесен дека злото му е во близина.
Оригинални податоци:
змија, мн. змии ж. (зоол.) 1. Влечуга без нозе што се движи ползејќи, со лизгаво, долго тело; Serpentes. Отровна змија. Водна змија. 2. (прен.) Тој што е лош, злобен или подмолен како змија. Што змија станала газдарицата! ◊ Блуе змии и гуштери – кажува лоши зборови. Го касна змија за срце – 1. Му се случи големо зло. 2. Претчувствува големо зло. Змија да е, ама од срце да е – детето се сака безусловно. Змија не го клука – за ништо не се грижи. И за змија се фаќа – тој што нема друг излез се фаќа за што и да е. Ја нагази змијата на опашка – сам предизвика некоја опасност. Каснат од змија и од врвка (гуштер) се плаши – тој што веќе настрадал станува многу внимателен и претпазлив. Кога ќе ја покаже змијата ногата – никогаш. На змијата и оди во уста – оди кон очигледна опасност. Со голи раце змија не се фаќа – оди неподготвен кон некаква опасност. Чува змија в пазува – близок е со некој што му е непријател, не е свесен дека злото му е во близина. ‖ змивче, мн. змивчиња ср., змијуле, мн. змијулиња ср., змијулче, мн. змијулчиња ср., змијче, мн. змијчиња ср. дем. ‖ змииште, мн. змиишта ср. аугм.