знае
Значење на знае:
1. Известен е за нешто, познава, познато му е нешто. Знаев дека ќе дојдат. Само тој го знае патот. Не знам кога поаѓа возот.
2. Има знаење од некоја област, упатен е во нешто. Добро знае математика. Знае неколку јазици. Знае сѐ за габите.
3. Умее, може да прави нешто. Знае да плива. Знае да вози велосипед. Знае да плете.
4. Сфаќа, разбира. Знам што зборуваш, но не знам што сакаш да ми кажеш.
5. Познава некого. Го знам од студии. Него сите го знаеја. Те знам како храбар човек.
6. (обично со негација) а) Не чувствува, не преживува. Тој не знае за страв. Не знаат што е срам. Не знае за грижи. б) Не зема предвид, не признава, не води сметка. Не знае за почивка. Не знае за мера. Не знае да престане.
7. Има обичај, му се случува. Тој знаеше да стане рано наутро, да подготви појадок, па да ме разбуди. Не задевај го, тој знае и да се налути.
8. (само 2л сег. време – знаеш, знаете) Во разговор, како вметнат збор за привлекување внимание, без значење. Јас, знаеш, за тоа не сакам да зборувам пред сите. Човек, знаете, не може сѐ да има.
9. (само 1л. сег. вр. – знам или знам, знам) Во разговор како согласување со соговорникот, но за да му се спротивстави своето мислење. Дојде до расправија и јас го напуштив состанокот. – Знам, знам, но на тој начин нема да помогнеш да се средат работите.
Коњугација: , знаат , знаев , знаеја , знаејќи , знаел , знај , знајте , знам и знаам .
Изведени зборови:
- се ~ знае, 1. а) Се познава со некого, заемно се познаваат. Се знам со него уште од средно училиште. Тој се знае со градоначалникот. б) Се познава себеси. Тој најдобро се знае. 2. Се гледа. Дамката од кафе сѐ уште се знае. 3. (безл.) Познато е, јасно е. Се знае – на работа не смееш да доцниш.
Фразеолошки израз / поговорка:
Знам како дишеш – добро те познавам. Знам колку тежи./Знам што стока е. (ирон.) – ја знам неговата вредност. Знае кое што е – добро е запознаен со ситуацијата и со фактите. Знае на што е – свесен е за својата положба. Знае што зборува – сигурен е во тоа што го зборува, не зборува случајно. И баба ми го знае тоа./Тоа и врапчињата го знаат – на сите им е познато. Како знаеш и умееш – по секоја цена. Кога има масло, и баба знае да меси зелник – лесно е да се направи нешто кога има со што. Кој како (си) знае – секој постапува на свој начин, според своето убедување. Кој не го знае, скапо ќе го плати – се вели за некој што се претставува како подобар отколку што навистина е. Многу знае (ирон.) – 1. Ништо не знае. 2. Се прави итар. Му ја знае на ѓаволот дупката – многу е вешт, многу знае, во сѐ се разбира. Не знае да брои ни до три (пет)/колку се два и два/ни а ни б – ништо не знае. Не знае за доста – ненаситен е, претерува. Не знае кај да се дене – збунет е поради некое силно чувство (срам, мака, радост). Не знае како се вика – ништо не знае поради некое силно чувство (замор, радост). Не знае што да прави со себе – 1. Збунет е. 2. Здодевно му е. Не знае што зборува – зборува бесмислици, глупости. Не е не знам што/не знам каков – не е нешто особено, нема голема вредност. Не оти знам – не знам, не сум сигурен. Не се знае кој јаде, кој пие (кој пие, кој плаќа) – 1. Владее безредие, хаос и секој прави што сака. 2. Никој не одговара за тоа што се случува. Откога знам за себе – откога паметам, уште од дете, многу одамна. Си го знае времето – знае кога треба нешто да направи, има навика за нешто. Така да знаеш – да ти биде јасно, завршен исказ за потсилување на кажаното. Ти знаеш едно, а јас сто и едно – поискусен сум од тебе. Тој пак си го знае своето – и да му се забележи нешто, тој пак работи по свое. Што знам – се двоумам. Што знаеш – можеби.
Оригинални податоци:
знае, знам и знаам, знаат; знај, знајте; знаев, знаеја; знаел; знаејќи; несв. 1. Известен е за нешто, познава, познато му е нешто. Знаев дека ќе дојдат. Само тој го знае патот. Не знам кога поаѓа возот. 2. Има знаење од некоја област, упатен е во нешто. Добро знае математика. Знае неколку јазици. Знае сѐ за габите. 3. Умее, може да прави нешто. Знае да плива. Знае да вози велосипед. Знае да плете. 4. Сфаќа, разбира. Знам што зборуваш, но не знам што сакаш да ми кажеш. 5. Познава некого. Го знам од студии. Него сите го знаеја. Те знам како храбар човек. 6. (обично со негација) а) Не чувствува, не преживува. Тој не знае за страв. Не знаат што е срам. Не знае за грижи. б) Не зема предвид, не признава, не води сметка. Не знае за почивка. Не знае за мера. Не знае да престане. 7. Има обичај, му се случува. Тој знаеше да стане рано наутро, да подготви појадок, па да ме разбуди. Не задевај го, тој знае и да се налути. 8. (само 2л сег. време – знаеш, знаете) Во разговор, како вметнат збор за привлекување внимание, без значење. Јас, знаеш, за тоа не сакам да зборувам пред сите. Човек, знаете, не може сѐ да има. 9. (само 1л. сег. вр. – знам или знам, знам) Во разговор како согласување со соговорникот, но за да му се спротивстави своето мислење. Дојде до расправија и јас го напуштив состанокот. – Знам, знам, но на тој начин нема да помогнеш да се средат работите. ● се ~ 1. а) Се познава со некого, заемно се познаваат. Се знам со него уште од средно училиште. Тој се знае со градоначалникот. б) Се познава себеси. Тој најдобро се знае. 2. Се гледа. Дамката од кафе сѐ уште се знае. 3. (безл.) Познато е, јасно е. Се знае – на работа не смееш да доцниш. ◊ Знам како дишеш – добро те познавам. Знам колку тежи./Знам што стока е. (ирон.) – ја знам неговата вредност. Знае кое што е – добро е запознаен со ситуацијата и со фактите. Знае на што е – свесен е за својата положба. Знае што зборува – сигурен е во тоа што го зборува, не зборува случајно. И баба ми го знае тоа./Тоа и врапчињата го знаат – на сите им е познато. Како знаеш и умееш – по секоја цена. Кога има масло, и баба знае да меси зелник – лесно е да се направи нешто кога има со што. Кој како (си) знае – секој постапува на свој начин, според своето убедување. Кој не го знае, скапо ќе го плати – се вели за некој што се претставува како подобар отколку што навистина е. Многу знае (ирон.) – 1. Ништо не знае. 2. Се прави итар. Му ја знае на ѓаволот дупката – многу е вешт, многу знае, во сѐ се разбира. Не знае да брои ни до три (пет)/колку се два и два/ни а ни б – ништо не знае. Не знае за доста – ненаситен е, претерува. Не знае кај да се дене – збунет е поради некое силно чувство (срам, мака, радост). Не знае како се вика – ништо не знае поради некое силно чувство (замор, радост). Не знае што да прави со себе – 1. Збунет е. 2. Здодевно му е. Не знае што зборува – зборува бесмислици, глупости. Не е не знам што/не знам каков – не е нешто особено, нема голема вредност. Не оти знам – не знам, не сум сигурен. Не се знае кој јаде, кој пие (кој пие, кој плаќа) – 1. Владее безредие, хаос и секој прави што сака. 2. Никој не одговара за тоа што се случува. Откога знам за себе – откога паметам, уште од дете, многу одамна. Си го знае времето – знае кога треба нешто да направи, има навика за нешто. Така да знаеш – да ти биде јасно, завршен исказ за потсилување на кажаното. Ти знаеш едно, а јас сто и едно – поискусен сум од тебе. Тој пак си го знае своето – и да му се забележи нешто, тој пак работи по свое. Што знам – се двоумам. Што знаеш – можеби.