знак
Значење на знак:
1. а) Договорен белег (писмена ознака, цртеж и сл.) со кој се обележува нешто. Сообраќаен знак. Правописен знак. Математички знаци. Фабрички знак. б) Предмет што служи за обележување, за покажување нешто. Пред шалтерот имаше знак дека не работат. Стави знак до каде е негово.
2. Конвенционално движење, гест, со кој се покажува, се изразува нешто. Му даде знак со раката.
3. Постапка, пројава со која се докажува нешто. Неговото неприсуство беше знак дека не се согласува со нас. Искажаниот револт е знак на нивното незадоволство. Подарокот е знак на внимание.
4. Појава што навестува нешто, од која може да се претпостави нешто; предзнак, симптом. Знак на болест. Знак на внатрешно воспаление. Темните облаци беа знак на невреме.
Множина: знака, знаци.
Алтернативно: знакови
Фразеолошки израз / поговорка:
Во знакот на (нешто) – како израз, доказ на нешто. Во знак на протест. Во знак на почит. Под знакот – се случува под името на некоја основна идеја. Се одржаа неколку средби под знакот на подготовките за јубилејот. Воден знак – буква или фигура втисната на хартија или на банкнота, хартија од вредност и сл. што е видлива само кога се гледа во правец на светлината.
Оригинални податоци:
знак, мн. знаци и знакови, избр. мн. знака м. 1. а) Договорен белег (писмена ознака, цртеж и сл.) со кој се обележува нешто. Сообраќаен знак. Правописен знак. Математички знаци. Фабрички знак. б) Предмет што служи за обележување, за покажување нешто. Пред шалтерот имаше знак дека не работат. Стави знак до каде е негово. 2. Конвенционално движење, гест, со кој се покажува, се изразува нешто. Му даде знак со раката. 3. Постапка, пројава со која се докажува нешто. Неговото неприсуство беше знак дека не се согласува со нас. Искажаниот револт е знак на нивното незадоволство. Подарокот е знак на внимание. 4. Појава што навестува нешто, од која може да се претпостави нешто; предзнак, симптом. Знак на болест. Знак на внатрешно воспаление. Темните облаци беа знак на невреме. ◊ Во знакот на (нешто) – како израз, доказ на нешто. Во знак на протест. Во знак на почит. Под знакот – се случува под името на некоја основна идеја. Се одржаа неколку средби под знакот на подготовките за јубилејот. Воден знак – буква или фигура втисната на хартија или на банкнота, хартија од вредност и сл. што е видлива само кога се гледа во правец на светлината.