знаме

Именка, среден род

Значење на знаме:

Широко парче платно со определена боја или комбинација на бои и со определен знак (обично прицврстено на стап или на копје) што претставува симбол на држава, народ, организација, спортски клуб и сл. Државно знаме. Партиско знаме. Знаме на Црвениот крст.

Множина: знамиња.

Изведени зборови:

  • знаменце, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бело знаме – 1. Барање примирје или преговори. 2. Признавање на поразот. Знамето е на половина копје – знак на жалост. Служи под туѓо знаме – брани туѓи интереси.

Оригинални податоци:

знаме, мн. знамиња ср. Широко парче платно со определена боја или комбинација на бои и со определен знак (обично прицврстено на стап или на копје) што претставува симбол на држава, народ, организација, спортски клуб и сл. Државно знаме. Партиско знаме. Знаме на Црвениот крст. ◊ Бело знаме – 1. Барање примирје или преговори. 2. Признавање на поразот. Знамето е на половина копје – знак на жалост. Служи под туѓо знаме – брани туѓи интереси. ‖ знаменце, мн. знаменца ср. дем.