зобне

Глагол, свршен

Значење на зобне:

1. За добиток – касне малку зоб. Коњот зобна само малку од зопта.

2. За птица – касне малку од зрнеста храна. Гугутката ми зобна два пати од раката и одлета.

3. (прен.) За човек – касне малку, најчесто од зрнеста храна (грозје, лешници, кикиритки). Зобна малку од грозјето и не беше повеќе гладен.

Коњугација: зобнаа , зобнав , зобнал , зобнат , зобнат , зобнете , зобни , (ќе) зобнеа , (ќе) зобнев , ќе зобнел.

Изведени зборови:

  • зобнува, глаг. повт. зобнуваат
  • зобнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

зобне, зобнат; зобни, зобнете; зобнав, зобнаа; зобнал; зобнат; (ќе) зобнев, (ќе) зобнеа; ќе зобнел св. 1. За добиток – касне малку зоб. Коњот зобна само малку од зопта. 2. За птица – касне малку од зрнеста храна. Гугутката ми зобна два пати од раката и одлета. 3. (прен.) За човек – касне малку, најчесто од зрнеста храна (грозје, лешници, кикиритки). Зобна малку од грозјето и не беше повеќе гладен. ‖ зобнува, зобнуваат повт. ‖ глаг. им. зобнување ср.