зошто

Прилог

Значење на зошто:

1. Во прашање – поради што, заради што, од која причина. Зошто не дојдовте? Зошто не им кажа? Зошто си го купил ова?

2. Во зависна прашална реченица. Му кажавме зошто го баравте. Не ме прашаа зошто сум задоцнил.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зошто да не – се согласувам, така нека биде. Нема зошто. – 1. Нема причина (за нешто што се бара, што се предлага). 2. Како одговор на заблагодарување. Пошто–зошто – многу евтино, за која било цена.

Оригинални податоци:

зошто прил. 1. Во прашање – поради што, заради што, од која причина. Зошто не дојдовте? Зошто не им кажа? Зошто си го купил ова? 2. Во зависна прашална реченица. Му кажавме зошто го баравте. Не ме прашаа зошто сум задоцнил. ◊ Зошто да не – се согласувам, така нека биде. Нема зошто. – 1. Нема причина (за нешто што се бара, што се предлага). 2. Како одговор на заблагодарување. Пошто–зошто – многу евтино, за која било цена.