зоврие
Значење на зоврие:
1. За течност – почне да врие, почне да клокоти и да испарува под дејство на висока температура. Водата зовре.
2. Почне движење на множество луѓе без ред. На плоштадот зовре од луѓе.
3. Стане преполн со нешто. Детето зовре од вошки. Таванот зовре од глувци.
4. (прен.) Стане возбуден, вознемирен, дојде во состојба на силни чувства. Зовре од незадоволство. Мозокот ми зовре од работа. Крвта му зовре од лутина.
Коњугација: зовреа , зоврев , зоврел , зоврен , зовриен, зовриј , зовријат , зовријте , (ќе) зовриев , (ќе) зовриеја , (ќе) зовриел .
Изведени зборови:
- зоврива, глаг. несв. зовриваат
- зовривање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
зоврие, зовријат; зовриј, зовријте; зоврев, зовреа; зоврел; зоврен; (ќе) зовриев, (ќе) зовриеја; (ќе) зовриел; зовриен св. 1. За течност – почне да врие, почне да клокоти и да испарува под дејство на висока температура. Водата зовре. 2. Почне движење на множество луѓе без ред. На плоштадот зовре од луѓе. 3. Стане преполн со нешто. Детето зовре од вошки. Таванот зовре од глувци. 4. (прен.) Стане возбуден, вознемирен, дојде во состојба на силни чувства. Зовре од незадоволство. Мозокот ми зовре од работа. Крвта му зовре од лутина. ‖ зоврива, зовриваат несв. ‖ глаг. им. зовривање ср.