зрачи
Значење на зрачи:
1. Пушта зраци, пушта светлина или енергија од себе. Месечината зрачеше во ноќта. Светилката зрачеше дополнителна топлина во собата.
2. (мед.) Изложува на определен вид зраци заради лекување. Ги зрачеше синусите со кварцна светлина.
3. (прен.) Ослободува од себе нешто. Од лицето и зрачеше радост. Од неа зрачи убавина. Во очите му зрачеше гордост.
Коњугација: зрачат.
Изведени зборови:
- зрачење, глаг. им. ср. зрачење, PLUR_зрачења Електромагнетни зрачења.
Оригинални податоци:
зрачи, зрачат несв. 1. Пушта зраци, пушта светлина или енергија од себе. Месечината зрачеше во ноќта. Светилката зрачеше дополнителна топлина во собата. 2. (мед.) Изложува на определен вид зраци заради лекување. Ги зрачеше синусите со кварцна светлина. 3. (прен.) Ослободува од себе нешто. Од лицето и зрачеше радост. Од неа зрачи убавина. Во очите му зрачеше гордост. ‖ глаг. им. зрачење, мн. зрачења ср. Електромагнетни зрачења.