зрак
Значење на зрак:
1. Тесен сноп светлина кој доаѓа од некој извор што силно свети. Сончев зрак. Зрак светлина. Месечев зрак.
2. Насочен проток на определени честички или на енергија. Зрак топлина. Вселенски зраци.
3. (прен.) Нешто што се пројавува како зрак, во мала мера. Зрак на надеж. Во собата немаше ниту зрак од живот.
4. (само мн., прен.) Прави линии што поаѓаат од една точка во разни насоки.
Множина: зраци.
Изведени зборови:
- зраче, и. ср. мн. зрачиња, зракче, мн. зракчиња , зрачец (само едн.) м., зрачок, мн. зрачоци м. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ултравиолетови зраци – невидливи зраци до крајниот, виолетов дел од сончевиот спектар. Инфрацрвени зраци – невидливи топлински зраци до крајниот црвен дел од сончевиот спектар. Икс–зраци – рендгенски зраци. Му се зеде зракот од очите – го загуби видот, ослепе.
Оригинални податоци:
зрак, мн. зраци м. 1. Тесен сноп светлина кој доаѓа од некој извор што силно свети. Сончев зрак. Зрак светлина. Месечев зрак. 2. Насочен проток на определени честички или на енергија. Зрак топлина. Вселенски зраци. 3. (прен.) Нешто што се пројавува како зрак, во мала мера. Зрак на надеж. Во собата немаше ниту зрак од живот. 4. (само мн., прен.) Прави линии што поаѓаат од една точка во разни насоки. ◊ Ултравиолетови зраци – невидливи зраци до крајниот, виолетов дел од сончевиот спектар. Инфрацрвени зраци – невидливи топлински зраци до крајниот црвен дел од сончевиот спектар. Икс–зраци – рендгенски зраци. Му се зеде зракот од очите – го загуби видот, ослепе. ‖ зраче, мн. зрачиња, зракче, мн. зракчиња ср., зрачец (само едн.) м., зрачок, мн. зрачоци м. дем.