зрее

Глагол, несвршен

Значење на зрее:

1. а) Станува зрел, узрева. Грозјето зрее. Житото зрее. б) За некои производи – стасува за употреба, добива вкус. Биеното сирење се остава да зрее.

2. (прен.) За човек – достигнува целосен умствен и физички развиток. Од твоето однесување гледам дека уште треба да зрееш.

3. (прен.) За мисла, план – се дооформува. Во потсвеста му зрееше желбата да се врати во родната земја. Идејата зрее и наскоро ќе ја реализираме.

Коњугација: зреав , зреаја , зреал , зреан, зреат , зреев , зрееја , зреејќи , зреел , зреен , зреење , зреј , зрејте .

Изведени зборови:

  • зреење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

зрее, зреат; зреј, зрејте; зреев, зрееја; зреел; зреен; зреејќи; зреење; зреав, зреаја; зреал, зреан несв. 1. а) Станува зрел, узрева. Грозјето зрее. Житото зрее. б) За некои производи – стасува за употреба, добива вкус. Биеното сирење се остава да зрее. 2. (прен.) За човек – достигнува целосен умствен и физички развиток. Од твоето однесување гледам дека уште треба да зрееш. 3. (прен.) За мисла, план – се дооформува. Во потсвеста му зрееше желбата да се врати во родната земја. Идејата зрее и наскоро ќе ја реализираме. ‖ глаг. им. зреење ср.