зрел

Придавка

Значење на зрел:

1. За плод – што стасал за берење, што узреал; узреан. Зрели јагоди. Зрели капини. Зрело жито.

2. (прен.) а) Што е телесно и душевно развиен. Зрел човек. Зрела личност. б) Што е својствен за таков развој. Зрела возраст. Зрели години. Зрела кожа.

3. (прен.) Што постигнал нужен степен во развојот, што е готов, што ги исполнува условите, што одговара за нешто. Зрел за женење. Зрел за војска. Зрело сирење. Зрел чир. Зрела шанса.

4. (прен.) а) Што е добро обмислен, разумен, што сведочи за знаење, за опит. Зрела мисла. Зрело решение. Зрели потези. Зрела постапка. б) Што е на високо уметничко ниво; што го покажува тоа. Зрел уметник. Зрела поетска творба. Зрело литературно дело.

Членувана форма: зрелиот.

Изведени зборови:

  • зрело, прил. Зрело размислува.
  • зрелост, и. ж. Полова зрелост. Умствена зрелост. Политичка зрелост.

Оригинални податоци:

зрел, зрелиот прид. 1. За плод – што стасал за берење, што узреал; узреан. Зрели јагоди. Зрели капини. Зрело жито. 2. (прен.) а) Што е телесно и душевно развиен. Зрел човек. Зрела личност. б) Што е својствен за таков развој. Зрела возраст. Зрели години. Зрела кожа. 3. (прен.) Што постигнал нужен степен во развојот, што е готов, што ги исполнува условите, што одговара за нешто. Зрел за женење. Зрел за војска. Зрело сирење. Зрел чир. Зрела шанса. 4. (прен.) а) Што е добро обмислен, разумен, што сведочи за знаење, за опит. Зрела мисла. Зрело решение. Зрели потези. Зрела постапка. б) Што е на високо уметничко ниво; што го покажува тоа. Зрел уметник. Зрела поетска творба. Зрело литературно дело. ‖ зрело прил. Зрело размислува. ‖ зрелост ж. Полова зрелост. Умствена зрелост. Политичка зрелост.