зрно

Именка, среден род

Значење на зрно:

1. Ситен плод или семка. Зрно грашок. Зрно жито. Јадри зрна грозје.

2. Мал, најчесто сосема ситен предмет со топчеста или овална форма. Зрно песок. Зрно шеќер.

3. Муниција за огнено оружје, куршум. Непријателските зрна ни летаа над главите.

4. (прен.) Нешто многу мало, трошка, ронка. Во неговите зборови немаше ни зрно вистина.

Множина: зрна.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зрно по зрно – погача – 1. До успех не се доаѓа одеднаш, туку постепено со многу работа. 2. Малите нешта заедно вредат многу. Колку зрно просо – многу мало, ситно. Од зрно помал – 1. Незабележлив. 2. Многу мирен, покорен.

Оригинални податоци:

зрно, мн. зрна ср. 1. Ситен плод или семка. Зрно грашок. Зрно жито. Јадри зрна грозје. 2. Мал, најчесто сосема ситен предмет со топчеста или овална форма. Зрно песок. Зрно шеќер. 3. Муниција за огнено оружје, куршум. Непријателските зрна ни летаа над главите. 4. (прен.) Нешто многу мало, трошка, ронка. Во неговите зборови немаше ни зрно вистина. ◊ Зрно по зрно – погача – 1. До успех не се доаѓа одеднаш, туку постепено со многу работа. 2. Малите нешта заедно вредат многу. Колку зрно просо – многу мало, ситно. Од зрно помал – 1. Незабележлив. 2. Многу мирен, покорен.