Резултати за пребарувањето: амин

наминум | прил.

На минување.

витамин | м.

Органско соединение неопходно за нормално функционирање на организмот.

аминува | несв.

Без размислување почитува нечија волја, прифаќа нешто без да размисли. Насобраните селани само аминуваа, а длабоко во срцето чувствуваа омраза.

ламинат | м.

Производ од метал максимално истенчен.

аминџии

Зборот е поврзан со:

траминец | м.

(бот.) Сорта на винова лоза со бело грозје.

фламинго | ср.

Птица со долги нозе, врат и клун, со бели перја или со пламено црвена боја; Phoenicopterus.

аминџија | м.

Поддржувач на некого или на нечија идеја или став без размислување. Во селото имаше неколку аминџии на чорбаџијата.

потамина | прил.

Без претходно испитување, непроверено, на слепо; препуштено на случајноста, случајно. Тргнав пеш во неопределен правец, потамина, само да бидам подалеку од него. Во визбата потамина набара дотраена лоеница.