Резултати за пребарувањето: ар
надари | св.
Даде дарба, талент некому. Господ го надарил за сè. Природата го надарила со смисла за хумор.
седлар | м.
Мајстор што изработува седла; сарач.
главар | м.
свеќар | м.
Тој што прави или што продава свеќи. Селски свеќар. Тој беше трговец и свеќар.
свилар | м.
Тој што произведува или што продава свила.
семкар | м.
Лице што продава печени семки од тиква.
гитара | ж.
Музички инструмент со шест до десет жици. Електрична гитара. Бас-гитара. Класична гитара.
гипсар | м.
Занаетчија што се занимава со изработка на предмети од гипс.
картал | м.
Мршојадна птица, вид орел; Vultur monachus.
јарбол | м.
Вертикална конструкција, метален или дрвен столб, на палубата на брод на кој се распнуваат едрата, се подига знаме, сигнални знаци и сл. Едрилица со два јарбола.