Резултати за пребарувањето: ар

каплар | м.

Најнизок воен чин; десетар. Капларот поднесе рапорт.

јарбол | м.

Вертикална конструкција, метален или дрвен столб, на палубата на брод на кој се распнуваат едрата, се подига знаме, сигнални знаци и сл. Едрилица со два јарбола.

армира | св. и несв.

Направи, прави метална конструкција на градежен објект, постави, поставува арматура. Секоја рамка ја армираа со повеќе редови поцинкуван тел. Тие ги армираа и страничните ѕидови за да ја зацврстат градбата.

старее | несв.

Станува стар. Годините минуваат, татко ми старее.

гепард | м.

Вид диво животно со дамки по телото, со високи нозе и со мала глава, познато како најбрзо, од фамилијата мачки, распространето во Африка и во Југозападна Азија; Acimonyx jubatus.

сликар | м.

Ликовен уметник. Сликар на пејзажи (портрети, мртва природа). Академски сликар.

јантар | м.

Скаменета смола од прастари иглолисни дрва, обично проѕирна, со боја од бледожолта до темноцрвена, од која се изработува накит, делови од медицински инструменти и сл.; Прстен со јантар.

тарана | ж.

Тесто издробено на зрна со ренде и исушено. На сонце се сушеше тарана.

крушар | м.

Тој што продава круши.

смолар | м.

Лице што се занимава со смоларење, со добивање смола. Млади смолари.