Резултати за пребарувањето: ар

китара | ж.

Вид жичен музички инструмент.

армија | ж.

Целокупна воена сила на една држава; војска. Армија на нашата држава.

ногари | и.

Дрвени или метални држачи на кои нешто се става за обработка или со друга намена. Ногари за сечење дрва. Ногари за дрвен кревет. Ногари за сликање.

јајчар | м.

Тој што продава јајца.

сукнар | м.

Тој што произведува или што продава сукно.

сугаре | ср.

За јагне, јаре, теле ‒ доцна родено. Јагне сугаре печеа.

сточар | м.

Лице што се занимава со одгледување стока. Тука сточарите ја напасувале стоката.

кондар | м.

Долг стап што на едниот крај завршува во форма на чатал. Се црвенееја јаболка закачени на кондари.

бармен | м.

Сопственик или раководител на бар. Барменот располагаше со два бара.

непара | прил.

Не толку многу, недоволно, слабо. Непара учи. Непара јаде. Непара се грижи за работата. Овде непара се гледа. Децата непара го слушаат. Непара се сакаат.