Резултати за пребарувањето: ар
жартиер | м.
Појас за придржување на чорапите.
варзило | ср.
(бот.) Вид бразилско дрво од кое се прави црвена боја; Caesalpinia brasiliensis.
жаровит | прид.
Што се однесува на жар, што е како жар. Езерото беше облеано со жаровито црвенило.
арбитер | м.
Судија. Спортските арбитри не се покажаа во вистинска светлина оваа сезона. Браќата беа арбитри на ова светско првенство.
жариште | ср.
Место каде што се наоѓа жарот. Во жариштето имаше многу жар. Од колибата беше останало само пламнато жариште.
ашиќаре | прил.
Јавно, очигледно.
хартиен | прид.
Што се однесува на хартија; што е направен од хартија. Хартиено ќесе. Хартиено марамче.
вардило | ср.
Чевларски термин за работ од чевелот со кој се зацврстува ѓонот за кожата.
наратор | м.
Раскажувач, тој што води низ дејството на драмата, на филмот и сл.
афионар | м.
Човек што обработува афион.