Резултати за пребарувањето: ар

астарка | ж.

Штица за конструкција за покрив.

печатар | м.

Сопственик на печатница.

наретко | прил.

Оддалечено едно од друго, не густо. Многу наретко го насадил пиперот.

марокен | м.

Мека козја кожа, обично се употребува за укоричување книги.

ембарго | ср.

Забрана на извоз или на увоз на стоки или на други вредности.

хемичар | м.

Специјалист по хемија. Хемичар со светска слава.

хонорар | м.

Парична награда, надоместок по договор за извршена квалификувана работа на писатели, актери, адвокати и сл. Авторски хонорар. Добиваше солиден хонорар.

логичар | м.

Човек што се занимава со изучување на логиката; научник по логика.

хартиен | прид.

Што се однесува на хартија; што е направен од хартија. Хартиено ќесе. Хартиено марамче.