Резултати за пребарувањето: ар

распара | св.

Рашие, испара, искине по шевот нешто сошиено. Таа ја распара кошулата. Детето ги распара новите панталони на неколку места.

конопар | м.

Тој што прави коноп. Конопарите им ја продаваа стоката на трговците.

провари | св.

Вари малку, кратко време, набрзина;

комунар | м.

(истор.) Учесник во Париската комуна.

џамалар | м.

Учесник во обредната игра џамала; василичар. Џамаларите – старците за да изгледаат што пострашни и смешни се маскираат.

чергари | несв.

Живее под черга, на чергарски начин.

матарка | ж.

Метален сад (војнички или туристички) за вода што обично се носи при патување.

прастар | прид.

древен_1 Прастаро време. Прастари текстови. Прастари жители.

четинар | м.

Дрвја и грмушки со листови во форма на иглички, со форма на четини.