Резултати за пребарувањето: ар
расцари | св.
Собори цар од престол. Бунтовниците го расцарија и му го уништија семејството.
шваргла | ж.
Сувомесен производ, еден вид колбас. Чадени шваргли. Банатска шваргла.
шугарец | м.
Паразит што предизвикува шуга кај луѓе и кај животни; Sarcoptes scabiei. Шугарците се пренесуваат од животно на човек и од едно животно на друго.
дојарка | ж.
шармира | св. и несв.
Занесе, занесува, привлече, привлекува, се допадне, се допаѓа некому; употреби, употребува сопствен шарм за да постигне нешто. Таа ги шармира момчињата во класот. Тој ги шармира родителите на девојката. Неговиот настап ја шармираше публиката.
кокарда | ж.
Метална значка на службена шапка.
паничар | м.
Тој што лесно се избезумува од страв.
матарка | ж.
Метален сад (војнички или туристички) за вода што обично се носи при патување.
папучар | м.
Маж што покажува слепа послушност кон сопругата.
ракијар | м.
Производител на ракија или трговец со ракија. Најпознатите ракијари се од Кавадаречко.