Резултати за пребарувањето: ар

шваргла | ж.

Сувомесен производ, еден вид колбас. Чадени шваргли. Банатска шваргла.

мекичар | м.

Продавач на мекици.

шилегар | м.

Овчар што пасе шилежиња.

шпартан | прид.

Што е обележан, исцртан со прави линии. Шпартани листови. Шпартано платно. Шпартана градина.

расцари | св.

Собори цар од престол. Бунтовниците го расцарија и му го уништија семејството.

коварен | прид.

Што е со лоши, подли намери, лукав. Коварни луѓе. Коварни измами.

кобилар | м.

Тој што одгледува, што чува кобили.

рашетар | м.

Тој што многу шета, безделничи со шетање.

шармира | св. и несв.

Занесе, занесува, привлече, привлекува, се допадне, се допаѓа некому; употреби, употребува сопствен шарм за да постигне нешто. Таа ги шармира момчињата во класот. Тој ги шармира родителите на девојката. Неговиот настап ја шармираше публиката.