Резултати за пребарувањето: ар

наџбара | св.

Со пипање, потамина напипа, најде. Во темницата одвај го наџбара кибритот да ја запали ламбата.

брашнар | м.

Тој што продава брашно. Брашнарот не беше во дуќанот.

парница | ж.

Судска постапка за разрешување на одредено прашање. Бракоразводна парница. Граѓански парници.

кипарис | м.

Зимзелено дрво, што расте во јужните, топли краишта, чемпрес; Cupressus sempervirens.

адресар | м.

Список на адреси. Протоколарната листа содржи адресар.

начпара | св.

Гребне, направи гребаница со нешто остро (игла, нокт, трн и др.) Му ја начпара раката.

олигарх | м.

Припадник, член на олигархија.

килимар | м.

Тој што изработува килими.

анџарче | и. ср.

Зборот е поврзан со: