Резултати за пребарувањето: ар
пристар | прид.
Донекаде стар, стар во однос на говорителот. На вратата се појави пристар човек на околу педесет и пет до шеесет години, низок, подгрбавен.
гулабар | м.
Човек што чува и одгледува гулаби.
сумарум | прид.
Само во изразот: сума сумарум.
капинар | м.
грунчар | м.
Прибор со кој се лови рибата грунец.
сукарда | м.
Дел од машка народна носија.
припари | св.
Се приближи (обично во негација). Тие палави деца нема да припарат веќе во мојот двор.
капилар | м.
(анат.) Најмал крвен сад во телото на човекот и на животните. Венски капилари. Артериски капилари. Проширени капилари.
грозјар | м.
Човек што многу сака да јаде грозје. Од мал беше грозјар.
сурлари | и.
Изумрени и живи видови цицачи што имаат сурла.