Резултати за пребарувањето: ар

бодар | прид.

Што е многу витален, исполнет со енергија. Тој беше низок, весел, бодар човек.

косар | м.

Тој што кове коси.

котар | м.

Оградено место за стоката; трло. Направи котар за добитокот.

ареал | м.

Област, подрачје на распространетост на некој вид, род, растенија, животни. Во тој ареал одредени растителни видови не успеваат.

бунар | м.

Ископана и обѕидана длабока јама за вадење подземна вода. Луѓето градеа куќи, копаа бунари, оградуваа дворови.

варја | ж.

Железен или дрвен алат во облик на чекан со кој се чука, кова или набива; голем чекан. Тие немале варји во рацете, туку тупаници и скорни.

бањар | м.

Тој што одржува ред во бањата и ги услужува капачите. Бањарот ги упати гостите во базенот.

јарма | ж.

Брашно за добиток сомелено на јадро. За воловите донесоа слама и јарма.

јарем | м.

Дрвена направа во која се впрегнуваат два вола за орање.