Резултати за пребарувањето: ар
истимари | св.
Заврши со тимарење. Добро го истимари коњот и го однесе на пазар.
апартман | м.
Стан со повеќе простории, комфорен стан. Имаше апартман во центарот на градот.
старлета | ж.
Млада, надежна актерка.
омаскари | св.
Осрамоти некого. Го омаскари пред целиот свет.
омарнина | ж.
Спарно време пред дожд, голема горештина и влага, запурнина. Сивото парче небо станува задушно како во омарнина пред дожд што се готви да плисне, но не може. Животните беа се затаиле под сенка, замрени од тешката омарнина.
чешмарка | ж.
Вода од чешма а не од шише, флаширана. За него кисела, а за мене една чешмарка.
испошари | св.
Ишари многу или ишари голема површина, секаде. Децата го испошараа ѕидот со креди во боја.
олтарски | прид.
Што се однесува на олтар. Олтарски врати.
старичок | прид.
чешларче 1 | ср.
Мала везена торбичка во која стои чешелот.