Резултати за пребарувањето: ар
народски | прид.
Што е својствен за народот, за широките слоеви на народот. Народски начин на живеење. Народски збор. Народско кажување.
тагарчик | м.
Вид кожена торба; тагарче.
врачарка | ж.
Гатачка, бајачка. Жените од селото за секоја мака одеа кај врачарката.
народник | м.
Следбеник на народништвото. Тие идеи ни останаа од утопистите и народниците, добри желби што не се согласуваа со стварноста.
народија | ж.
Маса народ, множество луѓе. Кој може да се разбере со оваа народија.
нароглив | прид.
Кривоглед, шашлив. Беше нароглив, па човек не беше никогаш сигурен дали гледа во него или во некој друг.
табарина | ж.
Вид долга гуна.
наркотик | м.
Опојно средство од растително или од синтетичко потекло; дрога.
воштинар | м.
Лице што прави или што продава свеќи. Стар воштинар.
наркоман | м.
Тој што е зависен од наркотици.