Резултати за пребарувањето: ар

нароглив | прид.

Кривоглед, шашлив. Беше нароглив, па човек не беше никогаш сигурен дали гледа во него или во некој друг.

сарафлак | м.

Занимање на сараф. Сарафлакот слабо му одеше.

наркотик | м.

Опојно средство од растително или од синтетичко потекло; дрога.

воштинар | м.

Лице што прави или што продава свеќи. Стар воштинар.

наркоман | м.

Тој што е зависен од наркотици.

ѕвонарки | и.

Дел од облеката, панталони со широки ногавици во вид на ѕвоно.

такаречи | прил.

ѕвечарка | ж.

Отровна змија со рожести прстени на крајот на опашката коишто ѕвечат при движење; Crotalus horridus.

нарилник | м.

Посебна направа што се става на муцката на животните да не можат да касаат.