Резултати за пребарувањето: ар
арсен | м.
Хемиски елемент, еден од најсилните отрови; симбол As.
жабар 2 | м.
карпа | ж.
Голема камена маса што се издига над површината. Тој ја набљудуваше како се спушта од карпите. Над силната река беа надвиснати карпи. Подводни карпи.
карго | м.
Бродски товар; товар воопшто.
карма 2 | ж.
Во индиската религиозна филозофија – верување дека судбината на човекот зависи од неговите постапки пред неговото повторно раѓање; судбина предодредена со нешто од далечното минато.
карат | м.
Мера за чистотата на злато и на скапоцени камења.
беќар | м.
Неженет човек, момче, ерген. Стар беќар. Селски беќар. Двајца беќари.
караш | м.
Вид слатководна риба слична на крап; Carassius carassius.
гарда | ж.
Лична стража, одбрани војници што го чуваат претседателот на државата, кралот и сл. Кралска гарда. Почесна гарда.
карма 1 | ж.
Наредени дрва. Порано мажите одеа в планина, сечеа дрва и ги редеа на карма.