Резултати за пребарувањето: ар
паларија | ж.
Вид шапка, во долниот дел широко, кружно подзавртена, дел од градска облека. Волнена паларија. Сламена паларија. Тој наместо црвен фес имаше паларија на глава.
крчмарка
Зборот е поврзан со:
јаникара | ж.
Вид заразна болест, црн пришт; антракс. Го фатила јаникара.
народија | ж.
Маса народ, множество луѓе. Кој може да се разбере со оваа народија.
пазарски | прид.
јајчарка | ж.
Жена што продава јајца.
пазарлак | м.
Пазарење, договорање за купопродажба. По пазарлакот со нив,сакаа да го измолат да им ја даде пазарената стока на кредит.
геометар | м.
Човек што се занимава со мерење земјиште.
крамарка | и. ж.
Зборот е поврзан со:
падарлак | м.
Занимање на падар.