Резултати за пребарувањето: ар
марта | ж.
Во изразот Баба Марта ‒ народно име за месецот март.
водар | м.
Лице што носи вода за пиење. На чешмата имаше многу водари.
барка | несв.
Бара по малку, внимателно, со напипување. Туѓите луѓе со чудни инструменти баркаа по дното на езерото.
јажар | м.
Лице што изработува јажиња. Тие заедно работеа како јажари.
Задар | м.
Приморски град во Хрватска.
возар | м.
Тој што вози, превозува, што работи со запрежно возило. Стар возар. Селски возари.
ишари | св.
Украси со шарки. Таа го ишари килимот со разни шарки.
лекар | м.
Специјалист по медицина. Општ лекар. Матичен лекар. Ветеринарен лекар.
епарх | м.
Лице што управува со епархија, епископ.
јарец | м.
(зоол.) Мажјак на козата; Caprinae; прч. Тој го продаде јарецот. Најдовме рогови од голем јарец. Див јарец.