Резултати за пребарувањето: ар
нараби | св.
Направи раб, подвитка и зашие раб на ткаенина; пораби.
зарипа | св.
Почне да рипа, заскока. Кучето зарипа околу нас.
бардак | м.
Земјан или бакарен сад со рачка и дулец за вода, вино или за ракија. Го наполни бардакот вода. Му дадоа бардак вино. Одеше со бардак блага ракија.
гитара | ж.
Музички инструмент со шест до десет жици. Електрична гитара. Бас-гитара. Класична гитара.
набара | св.
Напипа, со пипање најде нешто. Во визбата потамина набара стари чевли.
гомнар | м.
Никаквец. Гомнар еден, ти ќе ми кажуваш што да правам!
барбут | м.
Хазардна игра со зарови. Играше барбут и покер.
допара | св.
Распара до крај, целосно. Ги допара чорапите.
мурдар | м.
Запуштен, неуреден, нечист човек. Тргни ми се од патот, бре мурдару!
навари | св.
(само 3 л.) Набабри при варењето (за грав, ориз и др.).