Резултати за пребарувањето: ар

наруча | св.

Даде некому да руча, даде ручек. Им меси пита и убаво ги наруча децата.

варира | несв.

Се менува, се јавува во различни облици, не останува ист.

зилјар | м.

Тој што завидува, што е завидлив.

нарине | св.

Со ринење нагребе, собере нешто. Нарини го ѓубрето и исфрли го на буниште.

златар | м.

Лице што изработува накит и други предмети од злато и сребро.

варило | ср.

Секое варено јадење, најчесто од зеленчук или од мешункаво растение.

нарипа | св.

Се нафрли на некого, нагло нападне. Нарипаа од сите страни да го фатат.

змијар | м.

Тој што фаќа змии.

женкар | м.

Тој што претерано им се додворува на жените, што трча по жени. Тие биле големи женкари и од нив пиштеле и момите и жените. Штом е пијаница, тој мора да е и женкар.

карета | ж.

Вид покриена кола, влечена од коњи за превоз на луѓе. Девојките излегоа од убавите карети.