Резултати за пребарувањето: ар

сликарство | ср.

Гранка на ликовната уметност што ги предава, претставува предметите и појавите со помош на бои. Ѕидно сликарство. Средновековно сликарство.

сликарница | ж.

Просторија, место, дуќан, во која се чуваат или се продаваат слики.

сливарство | ср.

Земјоделска гранка што се занимава со одгледување и преработка на сливи; професија на сливар.

стовариште | ср.

Место за складирање и чување стока; магацин. Стовариште за дрва.

стодинарка | ж.

Банкнота од сто динари во поранешна Југославија. Ги редеше на една страна илјадарките, на друга стодинарките.

столарница | ж.

Работилница во која се изработуваат предмети од дрво, столарска работилница.

столарство | ср.

Индустриска гранка што се занимава со преработка на дрво; дејност на столар.

стомнарник | м.

Место во куќата каде што стојат стомните со вода. Во аголот покрај големите ноќви го здогледа стомнарникот.

слаткарски | прид.

Што се однесува на слаткар и на слаткарство. Слаткарска работилница. Слаткарски занает. Слаткарски излози. Слаткарски производ.