Резултати за пребарувањето: ар
свињарница | ж.
трпезарија | ж.
Просторија за јадење. Голема трпезарија. Манастирска трпезарија. Маса во трпезарија.
трпезарски | прид.
За песна - што се пее за големи празници на полна трпеза.
свиларство | ср.
Стопанска гранка за производство и обработка на свила.
свиларница | ж.
Работилница, фабрика за изработка на свила.
светларник | м.
Застаклен простор, изграден дополнително, како извор на светлина за простории коишто не се директно изложени на светлина.
свеќарство | ср.
Професионална дејност на свеќар.
свеќарница | ж.
Продавница, работилница за свеќи. Мала свеќарница. Свеќарницата беше до камбанаријата.
свадбарина | ж.
Давачка, такса што се плаќа за венчавање.
ударништво | ср.
Ударничка работа како метод на социјалистичко дејствување.