Резултати за пребарувањето: ар

радиометар | м.

Направа за мерење на механичкото дејство на топлината на светлосните зраци.

чардаклија 1 | прид.

Куќа што е со чардак, што има чардак, чардаци.

чардаклија 2 | ж.

Лозница поткрената на столбови.

пченкарник | м.

Леб од пченкарно брашно. За вечера имаа само пченкарник и сирење.

пчеларство | ср.

Стопанска гранка што се занимава со одгледување пчели заради добивање мед, восок, матичен млеч и др.

пушкарница | ж.

Работилница или фабрика каде што се прават или се поправаат пушки и друго оружје.

чаршузлија | м.

Трговец, човек од чаршијата. Чаршијата ја преземаат нашите чаршузлии.

часовничар | м.

Занаетчија што поправа или што продава часовници.

чевларница | ж.

Работилница за изработка на чевли.