Резултати за пребарувањето: ар

партер | м.

Простор за публиката на приземјето на сала, кино, театар и сл.

јајчар | м.

Тој што продава јајца.

парола | ж.

Збор или реченица со пропагандна содржина.

дармар | м.

Неред, безредие, метеж. Се разлути и направи дармар.

артист | м.

Уметник; актер. Артистот излезе на сцената.

зараѓа | св.

Почне да раѓа. Жената зараѓа, а немаше кој да ја однесе в болница.

лизгар | м.

Права, малку издолжена лопата за копање; дурија. Го зеде лизгарот и почна да копа.

парфем | м.

Течност што мириса пријатно, индустриски производ што содржи екстракт и етерични масла од растенија, животински масти (мошус и др.), синтетички мириси и др.; мирис. Француски парфем.

зарине | св.

Почне да рине. Тој го зарина снегот со лопата.

пењоар | м.

Женски долг домашен фустан што се облекува наутро и навечер. Шарен пењоар.