Резултати за пребарувањето: аџија
постаџија | м.
Највреден, најдобар, највешт жетвар што е од десна страна на постата при жниењето, што жнее прв во постата.
сурлаџија | м.
Свирач на сурла; зурлаџија.
таблаџија | м.
Тој што сака и умее да игра табла, тој што е голем љубител на играта табла.
тавраџија | м.
Тој што многу се дотерува, се гизди; конте.
тремаџија | м.
Тој што има трема. Голем тремаџија.
фалбаџија | м.
Тој што се фали самиот себеси. Нескромен фалбаџија. Силен на зборови, фалбаџија!
филмаџија | м.
Тој што работи на филм, филмски работник.
фурнаџија | м.
Тој што пече леб и др. печива; тој што продава леб и др. печива; пекар.
чалгаџија | м.
Свирач во оркестар чалгија. Во дворот влегоа чалгаџиите пеејќи и свирејќи свадбарски псени.
чорбаџија | м.
Богат човек, имотен човек, големец, господар. Беше сиромав, ама сега е чорбаџија.