Резултати за пребарувањето: а
џелат | м.
(истор.) Извршител на смртни казни.
шикла | ж.
(бот.) Израсток на гранките на дабовото дрво во кој се развива црвче од кое се добива црна боја. Плодови мали како шикли. Зрели шикли. Мастило од шикли.
чудба | ж.
чудак | м.
Човек со чуден карактер, кој живее на свој начин неприфатлив или неразбирлив за другите. Тој беше по малку чудак во својата љубов. Добродушен чудак. Саможив чудак.
чукан | прид.
Најчесто за овен ‒ што е скопен. Чукан овен.
чирак 2 | м.
Свеќник на кој се ставаат една или повеќе свеќи. На масичката стоеше сребрен чирак со запалена свеќа.
чинка | ж.
Магија, ритуал со магиско дејство. Таа го држеше со чинки. Не е од болест, туку е од чинка. Оживувале мртви и симнувале чинки од слепи.
чирак 1 | м.
Ученик при мајстор занаетчија.
чукар | м.
Стрмна и каменлива височинка. Селаните се разбегаа по блиските чукари. Накачи горе кај чукарите.
чекач | м.
Тој што чека. Ловџиите се поделија на два табора, едните се терачи, другите чекачи.