Резултати за пребарувањето: а

ѕумба | ж.

Свирка. Ѕумба ѕуни, ечат барабани.

рецка | несв.

Прави рецки, реже, делка. Тој го рецкаше дрвото со длето.

палма | ж.

Јужно, тропско дрво со високо и танко стебло кое се разгранува во крошна со перјести листови; Palmae. Мирис на палма. Урми од палма.

шумар 2 | м.

Мал, одделен дел обраснат со дрвја; Во шумарот се зеленеат високите борови.

штама | ж.

Беспрекорна тишина. Ноќна штама. Настана штама во просторијата кога влезе таа.

'рзак | м.

За коњ ‒ здрав, силен, бесен, нескротлив.

ѕирка | ж.

Отвор, процеп, мала пукнатина на ѕид, на врата, на дрвена ограда и сл.; проѕирка. Нигде ѕирка ни проѕирка. Низ ѕирката од вратата гледаше во собата.

инќар | м.

Одрекување, оспорување.

штанд | м.

Изложбен и продажен простор; тезга, место на пазар, продажен центар, саем и сл. Штандови со книги. Штанд за женска облека.

кашав | прид.

Што е како каша. Калта беше кашава од обилните есенски дождови.