Резултати за пребарувањето: а

кркма | ж.

Козина што се добива од коза со стрижење.

шашка 2 | ж.

Врзоп, сноп пченка. Шашките ги групираа на едно место.

палто | ср.

Горен дел од облека што се носи врз кошула или блуза; сако. Палто и панталони. Кожено палто. Излитено палто.

шашка 1 | ж.

Вид сабја малку крива (закривена) кај сечилото.

руска | несв.

Памир | м.

Планина во Азија.

шашав | прид.

Будалест, луд, несериозен, неодговорен, налудничав; шашардисан. Шашаво девојче. Шашави зборови. Шашава идеја.

шашма | ж.

Збрка, шега, несериозно нешто. Таа прави само некои шашми. Тие го имаат на шашма момчето.

шијак | м.

Човек со дебел, развиен, мускулест врат. Се познаваат во семејството, мажите се сите шијаци.

долап | м.

Вѕидан орман, шкаф за сместување облека, садови и др. предмети; плакар. Одеше кон долапот во кој беа шишињата со ракија. Долапот беше полн со негови алишта.