Резултати за пребарувањето: а

хауба | ж.

Преден, подвижен дел од каросеријата на автомобил. Подигната хауба. Се потпре на хаубата.

хелда | ж.

Вид житно растение со зрнест, триаглест плод; Fagopyrum esculentum.

држач | м.

Тоа што држи, што потпира, на кое се става нешто; Метален држач. Држачи за крпи.

карчо | м.

Назив за коњ или вол со црни влакна по телото.

оскар | м.

Награда која секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност од Холивуд за остварувања во филмската уметност.

затир | м.

Уништување, сотирање;

отаде | прил.

Од другата, спротивната страна, откај спротивната страна. Отаде пак се чуја караници. Отаде се покажа стутканата фигура на старецот.

макар | чест.

Запеј макар еден тон. Прочитај макар една книга. Кажи макар еден збор.

датив | м.

Падеж што означува намена, што упатува на индиректен предмет.