Резултати за пребарувањето: а
фиука | несв.
Прави фиук; се движи правејќи фиук; фрчи. Ветрот фиука. Косата фиука.
опаку | прил.
Откај опачината, превртено; наопаку. Писмото беше превртено опаку.
омачи | св.
За мачка – донесе на свет, роди мачиња. Мачката омачи шарени мачиња.
оплак | м.
хефта | ж.
Метални делови што се ставаат во хефталката и со кои се хефта.
хефта | несв.
Спојува, прицврстува листови хартија; закопчува.
дипла | ж.
Набор, фалта (на здолниште). Надолу паѓаше во богати дипли. Скутник од три дипли.
лигав | прид.
Што испушта лига или е покриен со лига. Лигав полжав. Лигава ципа. Лигави муцки.
омали | св.
премали.
лепра | ж.
Кожна заразна болест при која кожата се лупи и на неа се отвораат живи рани. Лицето ѝ беше изедено од лепра.