Резултати за пребарувањето: а

замка | ж.

Направа за фаќање диви животни; стапица. Лисицата се фати во замката.

фуста | ж.

Здолниште, долен дел од фустан.

махер | м.

Снаодлив човек, мајстор, специјалист (често и во негативно значење). Тој е махер за компјутери.

домал | прид.

За прст – што се наоѓа меѓу средниот и малиот прст. Секирата ми го преполови домалиот прст. Се удрил со камен по домалиот прст.

фркат | прид.

Што може да лета. Фркато пиле.

шутка 1 | несв.

Шутира по малку. Тој само ја шутка топката. Тие ги шуткаа книгите настрана за да ја ослободат масата.

шутка 2 | ж.

Поткршен сад, посатка; шутар, шутарка. Во шутките не ставај кафе за пред гости.

домар | м.

Лице што се грижи за одржување на дом, куќа, простории и сл. Клучевите се кај домарот.

мачен | прид.

Што е со мака, тежок. Мачна работа.