Резултати за пребарувањето: а

колва | несв.

папок | м.

(анат.) Вдлабнатинка во средишниот дел на мевот што се јавува како последица на прекинување на папочната врвца. Лекарот го прегледа папокот на детето. Гола до папок.

црпка | несв.

Црпи по малку. Детето си црпкаше вода од чашата.

цртач | м.

Тој што црта, што изработува цртежи. Талентиран цртач.

цреша | ж.

(бот.) Овошно дрво со издолжено јајчести и назабени листови, бели цветови и мали, тркалезни и сочни, коскести плодови со мазна жолта, црвена или црна лушпа; Prunus avium. Падна од црешата. Расцутени цреши.

диван | м.

Отоман, канабе, софа. Стар диван. Легна на диванот.

лавор | м.

Вечно зелено дрво со белозелени мирисливи листови (што се употребуваат како зачин) и со црни зрнести плодови; ловор, лорбер, дафина; Laurus nobilis.

помпа | несв.

црека | несв.

етида | ж.

Инструментална композиција за вежбање со која се совладува техниката на свирењето или концертна композиција со виртуозен карактер. Лирска етида.