Резултати за пребарувањето: а

дрска | несв.

Има пролив. Го болеше стомакот и цел ден дрскаше.

блажи | несв.

Има благ, сладок вкус. Шеќерот и медот блажат.

замес | м.

Народен обичај на три дена пред свадбата, во четврток рано наутро, во куќата на младоженецот да се месат две погачи: една за невестата, друга за кумата.

аскер | м.

Војска. Голем аскер мина низ селото и зад себе пустош остави. Селата се наполнија со аскер.

Дарна | ж.

Река во Индија.

ратај | м.

Земјоделски работник, земјоделец, полјоделец.

реска | несв.

замет | м.

Труд, тегоба, напор. Тој му плати за заметот.