Резултати за пребарувањето: а

ламти | несв.

Силно посакува, копнее по нешто.

праши 2 | несв.

Копа земја со прашалка, ситнејќи ја и отстранувајќи непотребни штетни растенија. Старецот го прашеше лозјето. Таа ја прашеше градината со мотиче.

самее | несв.

Живее осамено; самува. Тој не ја прифати реалноста и самее во планинската колиба. Едно старо дрво самееше во испустената нива.

сакан | прид.

Што се сака, што се љуби. Сакан другар. Сакана сопруга.

саноќ | прил.

Цела ноќ, преку цела ноќ. Саноќ седам, Трено, саноќ мислам...

права | ж.

Рамна, права, неискривена црта, линија. Нацртај една права и една крива. Паралелни прави.

Самос | м.

Грчки остров во Егејско Море.

домат | м.

Вид едногодишно градинарско растение со црвени, тркалезни и сочни, месести плодови што се користат во исхраната (за салата, сок, додаток при готвење); плодот на ова градинарско растение; Lycopersicum esculentum. Плодот на доматот е сочен. Имале големи плантажи на кои одгледувале домати. Кошница полна со домати. Летно јадење од домати и пиперки.

завод | м.

Установа, институција. Педагошки завод. Хигиенски завод. Хидрометеоролошки завод.

домар | м.

Лице што се грижи за одржување на дом, куќа, простории и сл. Клучевите се кај домарот.